
Минесота Вајлд влезе во новата НХЛ сезона со победа од 1-2 над Анахајм Дакс.
,,Патките” од Калифорнија, пред два дена, ги поразија фаворизираните Винипег Џетс, но синоќа загубија од Минесота во завршницата на мечот.
Тие поведоа во првата минута од втората третина, кога мрежата на Камерон Талбот ја затресе Јакоб Силфверберг.
До крајот на вториот период, Кевин Фијала ја искористи дисциплинската казна на стрелецот на Анахајм и им донесе израмнување на гостите од Минесота.
Составот на Вајлд ја имаше целата контрола во свои раце и заслужено дојде до победа, откако Маркус Фолињо се запиша во листата на стрелците на само осум секунди пред крајот на натпреварот.



