
Бирмингем е клубот со најслаба форма во цел Чемпионшип, доколку се земат предвид последните шест средби.
Имено, во увертирата на дванаесеттото коло, ,,Сините” загубија со 1-0 од ВБА и го запишаа петтиот пораз на последните шест натпревари.
Во приградското дерби, Вест Бромвич Албион влезе како поголем фаворит и заслужено ги задржа трите бодови на стадионот ,,Хоторнс”.
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Карлан Грант (75′), кој има четири голови на последните четири пресметки.
Голманот на победничкиот состав, Сем Џонстон, иако имаше само една одбрана, сепак докажа дека заслужено влезе во списокот на Герет Саутгејт за англиската репрезентација со тоа што не прими гол на пет овосезонски лигашки средби.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, ВБА се искачи на првото место, а Бирмингем остана на шеснаесеттата позиција.



