
За првпат после 2013, Филаделфија Иглс ја започнаа сезоната со три порази на домашен терен, откако синоќа загубија од Тампа Беј Баканирс со 28-22.
На мечот, домаќините постигнаа три, а гостите – четири тачдауни, при што Баканирс водеа со 7-28 во десеттата минута од второто полувреме.
Од поразениот состав, квотербекот Џејлен Хартс уфрли еден тачдаун кон Зек Ертц и истрча двапати во противничката енд-зона и притоа освои 159 јарди.
Неговиот колега на спротивната страна, Том Брејди, иако имаше само три дена одмор, одигра одлична партија со два уфрлени тачдауни и со 297 јарди освоени со 34/42 успешни обиди.
Од неговите соиграчи, по една поентерска топка фатија воедно и најдобрите рисивери, Антонио Браун (93 јарди) и Оу Џеј Хауард (49 јарди), а ранинг бекот Леонард Фурнет забележа уште две полагања.
Со учинок од 5-1, Тампа Беј го држи второто место во Националната конференција, додека Иглс (2-4) паднаа на четиринаесеттата позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија



