
Денес, Автомобилист Екатеринбург, по тринаесетти пат во низа на меѓусебните дуели, славеше над Нефтехимик Нижнекамск, откако беше поуспешен со 2-3.
Во првата третина, продуктот од академијата на Автомобилист, Евгениј Митјакин, практично стрелаше против својот тим, носејќи му почетно водство од 1-0 на Нефтехимик.
Во период од неполни единаесет минути игра, односно од крајот на втората до почетокот на третата третина, гостите направија целосен пресврт преку Рајан Спунер, Владимир Кузњецов и Брукс Мајсек.
До крајот, домаќините од Нижнекамск ја презедоа иницијативата и сè што успеаја да направат беше да постигнат почесен погодок, благодарение на Јегор Попов.
Со петтиот последователен пораз, Нефтехимик падна на деветтото место во Источната конференција, додека Автомобилист скокна на петтата позиција со третиот врзан триумф.



