Репрезентација на Mакедонија до 21 година со почеток во 15. часот во Класвик игра против Фарски Острови во рамките на групата Х од квалификациите за пласман на Европското 2023 кое ќе се одржи во Романија и Грузија.
Играчот за врска на младата репрезентација на Македонија Али Адем со нетрпение го очекува натпреварот:
Максимално сме фокусирани на натпреварот со Фарски Острови, со нетрпение го очекуваме дуелот. Имаме доволно време да се прилагодиме на временските прилики тука, и да се подготвиме што подобро за мечот. Идеме чекор по чекор, верувам во моите соиграчи, имаме квалитет и доколку одиграме како што од нас очекува селекторот, ке ја оствариме целта, а тоа е да се вратиме дома со три бода. Нема да биде лесно, во денешниот фудбал нема слаба репрезентација, истото важи и за нашата група. Фарски Острови е незгодна селекција, поготово кога игра на домашен терен. Играме на мал стадион, со вештачка трева, нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да ги освоиме трите бода.



