
Со серијата од четири врзани победи, Сиетл Маринерс се вмешаа во битката за плејоф, односно во борбата за петтото место во Американската лига.
Сепак, со синоќешниот пораз од ЛА Анџелс од 1-2, екипата од северозападот на САД падна во незгодна положба.
На два натпревари до крајот на регуларната сезона, Маринерс (89-71), освен што мораат да запишат две победи, треба да се надеваат и на два порази на Бостон Ред Сокс и на Торонто Блу Џејс.
Од друга страна, ЛА Анџелс го заземаат десеттото место на табелата со учинок од 76-84 без никакви шанси за доигрување.
На мечот, домаќините од Сиетл поведоа во вториот ининг со трчањето на Абрахам Торо после ударот на Џеред Келеник.
Само една деветтина подоцна, Луис Ренгифо и Дејвид Флечер освоија по четири бази за Анџелс и направија целосен пресврт.



