
За првпат во 2021 година, АК Барс Казањ триумфираа над ЦСКА Москва, откако денес славеа со 1-2.
Херој на ,,Зелените” од Истокот беше воедно и нивниот најдобар стрелец, Дмитри Кагарлитски, кој со два пауер-плеј погодоци во завршните минути од втората и од третата третина, му донесе водство од 0-2 на својот тим.
Во самиот финиш, односно на единаесет секунди пред крајот, Антон Слепишев погоди за ЦСКА само за намалување на резултатскиот дефицит.
После првиот ден од октомври и двете екипи ги заземаат четвртите места во своите конференции, односно ЦСКА на Западот, а АК Барс на Истокот.



