
Најбрзиот гол во европските клупски натпреварувања во тековната сезона е дело на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
22-годишниот фудбалер го постигна својот дебитантски погодок во групната фаза од Лига Европа, носејќи му водство на Наполи против Спартак Москва уште во 12. секунда.
Македонецот ја затресе мрежата на гостите од Русија, откако голманот Александр Максименко беше несигурен во својот шеснаесетник.



