
По тринаесетти пат на последните петнаесет меѓусебни пресметки, Кливленд Индијанс ги поразија Канзас Сити Ројалс.
Синоќа, претставниците на Охајо, на домашниот ,,Прогресив Филд”, ги надиграа своите ривали со резултат од 8-3.
После два и пол ининзи, Ројалс изгледаа рамноправен тим, откако на семафорот стоеше 3-3, но во наредните пет периоди, домаќините забележаа пет, а не допуштија ниеден поен.
За Канзас Сити, поентери на синоќешната средба беа Ники Лопез, Кајл Исбел и Салвадор Перез, кои освоија по четири бази.
Од ривалската екипа, хоум-ран постигнаа Амед Росарио и Бредли Зимер, додека со трчање, освен нив, поентираа уште Мајлс Строу (х2) и Остин Хеџес.
На табелата на Американската лига, Кливленд (77-79) го држи деветтото место, а Канзас Сити (71-85) ја зазема дванаесеттата позиција.



