
Квалификациите во Сочи, во пресрет на трката за големата награда на Русија, пружија неверојатни сцени за љубителите на мотоспортот.
Имено, до својата прва пол-позиција во кариерата, а воедно и прва за ,,МекЛарен” после 2012, дојде феноменалниот Британец – Ландо Норис.
На второто место, исто така за првпат во својот живот, се пласираше возачот на ,,Ферари”, Карлос Саинц, додека првото место од вториот стартер ред му припадна на Џорџ Расел.
Во пресрет на последните кругови, Луис Хамилтон беше на провизорната прва позиција, но поради брзото сушење на патеката, Британецот ги промени гумите и се изврте во својот последен денешен обид, па мораше да се задоволи со четвртото место.
Во третата сесија од квалификациите се најдоа уште шест други пилоти, односно Даниел Рикардо, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перез и Естебан Окон.
Првопласираниот во генералниот поредок, Макс Ферстапен, ќе стартува како последен поради промените во својот болид.



