Екипата на Еурофарм Пелистер ќе остане без услугите на хрватскиот интернационалец Томислав Кушан кој во понеделник после дербито со Вардар ќе се пресели во Бундеслигата во тимот на Вецлар.
Германците се спремни да ја платат високата откупна клаузула за хрватскиот пикер за предвремен раскин на договорот. После одличната заработка од трансферот на Карим Хендави ова е уште еден успешен финансиски договор на управата на Битолчани.



