
Почнувајќи од 14 септември, Тампа Беј Рејс и Торонто Блу Џејс одиграа шест меѓусебни пресметки, во кои победникот се менуваше по напореден редослед.
Синоќа, двете екипи се соочија на ,,Тропикана Филд” во Ст. Петерсбург, Флорида, каде што Тампа Беј славеше со убедливи 7-1.
Домаќините постигнаа шест поени во третиот ининг, а веќе во наредниот период дојдоа до вкупните седум ранови.
Хоум-ран од победничкиот состав забележа Остин Медоус, а во листата на поентерите, со по четири освоени бази, се запишаа уште Брендон Лоу, Ренди Арозарена (х2), Џи-Ман Чои, Мануел Марго и Франциско Мехија.
Во продолжение, односно во шестата деветтина, од редовите на Блу Џејс, единствен што постигна поен беше Владимир Гереро Џуниор, по ударот на Теоскар Хернандез.
На табелата на Американската лига, Тампа Беј (94-59) остана на врвот, додека Торонто (85-67) се спушти на шестата позиција.



