Викендов се игра четвртото коло од машката Суперлига во ракомет. Екипата на Струга го пречекува тимот на РК Бутел од Скопје.
Филип Пајкоски еден од пикерите на РК Струга со кратка изјава за www.javisejuzna.mk во пресрет на овој натпревар:
Бутел е еден од најдобрите тимови во нашата Суперлига и сосема разбирливо влегува како фаворит на овој натпревар. Го краси фантастична одбрана против која е навистина тешко да се постигне гол. Ние како екипа ќе дадеме максимум да одиграме најдобро што можеме и ако ни се укаже шанса да ги изненадиме.