
Шестото коло од шкотскиот Премиершип беше одбележано со првото градско дерби на Данди во првата лига после 2016.
Имено, по 172. пат во историјата, Данди Јунајтед се соочи со Данди ФК.
Како победник од овој двобој, по 81. пат, излезе Данди Јунајтед, кој славеше со минимални 1-0.
Стрелец на единствениот погодок беше Иан Харкс (81′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат во новата сезона.
Воедно, Харкс беше и играч на натпреварот со 4 шутеви, со 48 допири и со 25/29 прецизни додавања.
На табелата, Данди Јунајтед скокна на шестото место, додека Данди ФК се наоѓа на единаесеттата позиција.



