Владимир Темелков одигра неверојатен натпревар во кој постигна 18 гола во победата на Каерјенг на гостувањето кај Дикирх со 26:36.
Најдоброто десно крило во историјата на Македонија пред неколку дена постигна 11 гола и во Европскиот куп со што докажува дека сеуште е во одлична форма и во четвртата деценија од животот.



