
За првпат после 19 октомври 2019, Адмирал Владивосток славеше над Северстаљ Череповец во рамките на КХЛ.
Воедно, денешната победа од 4-1 на претставниците на далечниот Исток беше и прва во новата сезона, после воведните шест порази.
После првата третина, мрежите на голманите останаа недопрени, а домаќините во вториот дел забија два погодоци преку Дмитри Сајустов и преку Дмитри Лугин.
Во шестата минута од третиот период, Јевгени Грачјов зголеми на 3-0, а Јоонас Натинен, за неполни двесте секунди подоцна, стрелаше за 3-1.
Овој шут на Финецот беше единствен од вкупните дваесет и осум обиди на Северстаљ што заврши позади грбот на Никита Серебрјаков, кој имаше 96,43% успешност на одбранети удари.
На неполни пет минути пред крајот, во период кога Адмирал имаше играч помалку, а гостите играа со играч повеќе во поле, на празен гол стрелаше Либор Сулак, поставувајќи го конечниот резултат.
Во моментот и двете екипи имаат по пет бодови, но поради посилната конкуренција, Северстаљ е последен на Западот, додека Адмирал е осми на Истокот.



