
Во финалето на КПЛ (Карипската Премиер Лига во Т20 крикет), вчера се соочија екипите на Ст. Луција Кингс и на Ст. Китс и Невис Патриотс.
После огромна борба и возбудлив меч, до првата титула во историјата дојдоа Патриотс, кои со последната топка славеа со 159/7 (20) – 160/7 (20).
Поентерот на последниот ран на мечот беше Доминик Дрејкс, кој со 48 постигнати поени беше и најефикасен на натпреварот.
Истиот крикетар, во одбраната имаше фрлачки учинок од 3-38, кој исто така драстично му придонесе за освојувањето на наградата за МВП играч во финалето.
Од редовите на Кингс, Рахим Корнвал и Ростон Чејс забележаа по 43 поени, додека, од фрлачите, најмногу се истакна Марк Дејал (2-8).
Гореспоменатиот Чејс и покрај поразот во финалето, беше избран за најкорисен играч на сезоната, откако на десет од вкупните дванаесет средби забележа двоцифрен учинок.
Во регуларната сезона, Кингс двапати ги поразија Патриотс, а во полуфиналето, како четвртопласирани, славеа над лидерите после регуларната сезона, односно над шампионите од 2020 – Тринбаго Најт Рајдерс.
Од друга страна, Патриотс, со третото место после десетте регуларни кола, дојдоа до победа во полуфиналето над второпласираните Гвајана Амазон Вориорс.



