
На мечот од синоќешната МЛБ програма помеѓу Балтимор Ориолс и Њујорк Јенкис се случи нешто девидено дури и за најстарите љубители на бејзболот.
Имено, во деветтиот ининг, во момент кога Ориолс водеа со 3-2 против фаворизираните ривали, судијата Тим Тимонс ги исфрли од теренот сите редари.
Со оглед дека сите очекуваа пороен дожд, работниците, пред да го покријат теренот со заштитна опрема, беа принудени да го напуштат мечот, поради тоа што се подготвувале во непрописна зона, веднаш до првиот ред од трибините.
Во продолжение, натпреварот беше доигран, а Јенкис со два поени успеаја да направат пресврт и да триумфираат со 3-4.



