
Металург Магнитогорск херојски се врати во финишот на мечот против Адмирал Владивосток и после продолжение славеше со резултат од 4-3.
Во петтата минута, Максим Карпов им донесе водство од 1-0 на домаќините, а во продолжение, со по еден гол во секоја третина, Адмирал зголеми на 1-3 преку Андреј Обидин, Рихардс Букартс и Михаил Котлјаревски.
Веднаш по примениот трет погодок, на голот на Магнитогорск, наместо Јуси Олкинуора, застана Василиј Кошечкин, кој до крајот на играта не прими ниту еден погодок.
Во последните четири и пол минути од регуларниот дел на мечот, домашните хокеари направија опсада кон голот на Иван Налимов и успеаја да изборат продолженија, откако во листата на стрелците се запишаа гореспоменатиот Карпов и Филип Маје.
Во продолжението, за победата да остане до Магнитогорск, беа потребни само две минути, бидејќи Никита Коростелев го комплетираше пресвртот со вториот овосезонски гол.
Во Источната конференција, Металург е четврти со шест поени, додека Адмирал го зазема деветтото место со три освоени бодови.



