
И покрај фактот дека ЛА Доџерс важат за еден од најдобрите тимови сезонава, Ст. Луис Кардиналс успеаја да запишат две последователни меѓусебни победи.
Имено, претставниците на Мисури, на домашниот ,,Буш Стадиум”, синоќа ги надиграа актуелните шампиони со резултат од 2-1.
Во вториот ининг, со трчањето на Дилан Карлсон, Кардиналс се запишаа на семафорот, но во наредниот период, Муки Бетс освои четири бази и израмни на 1-1.
Конечниот резултат го постави Тајлер О’Нил во петтата деветтина со својот дваесет и петти хоум-ран во сезоната.
На табелата на Националната лига, Доџерс (88-53) се сè уште втори, додека Кардиналс (71-68) ја заземаат седмата позиција.



