вторник, март 28, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Tрајковски: Склопот на млади и искусни кошаркари ќе донесе позитивен резултат

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 12, 2021
📁 Кошарка

Сениорската репрезентација на Македонија утринава го одржа првиот тренинг во рамките на подготовките за претстојниот претквалификациски циклус за Светското првенство во 2023 година.

Идниот месец, нашиот национален тим ќе игра против Словачка и Швајцарија против кои ќе се обиде да освои едно од првите две места и да го продолжи патот кон Мундијалот. Стартот на подготовките го одбележаа отсуствата на неколку важни кошаркари кои беа столб на тимот последните години.

Уште од порано, својот настап поради повреди го откажаа Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов и Стојан Ѓуроски.

На прозивката не беа Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли, а Љубомир Младеновски беше во „Јане Сандански“, но не тренираше.

Репрезентацијата ќе се комплетира нешто подоцна и заедно ќе ги продолжи подготовките за претквалификациите.

Со неиграњето на Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Трајковски остана единствен од „старата“ гарда во селекцијата која од денеска ја предводи Драган Бајиќ.

Прекалениот борец повеќе од една деценија е во националниот тим, а сега ќе биде и лидер на тимот кој идниот месец ќе се бори за пласман во квалификациите за Светското првенство.

„Дојде тоа време кога јас треба да бидам највозрасен во репрезентацијата. Без разлика на тоа, ние на секој натпревар одиме на победа, а олеснителна околност е тоа што ќе имаме предност на домашниот терен.

Склопот на млади и искусни кошаркари ќе донесе позитивен резултат, дека младиве ќе ни бидат ветер в грб и мислам дека тоа ќе биде пресудно во овој претквалификациски циклус Мислам дека и тие помлади кошаркари веќе го пробија мразот, го имаа првото искуство со репрезентацијата и сега знаат што и како треба.

Не чувствуваме никаков притисок, имаме еден месец за подготовки, а му посакувам добредојде и голем успех на новиот селектор и мислам дека заедно ќе направиме добар резултат“ – рече Бојан Трајковски непосредно пред почетокот на подготовките.

Првиот тренинг го одработија: Виктор Ефремовски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојковски, Теодор Симиќ, Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Дамјан Робев

ShareTweet
Претходна вест

Бошковски: Предизвик е да се работи во тим како Пролет

Следна вест

(Фото) Ова е најдобриот тим на ЕУРО 2020

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно
Кошарка

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Фев/2023
КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите
Кошарка

КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва
Кошарка

Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години
Кошарка

Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Фев/2023
Следна вест
(Фото) Ова е најдобриот тим на ЕУРО 2020

(Фото) Ова е најдобриот тим на ЕУРО 2020

Последно

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс

Џудистите од Струга одлични на државното за јуниори и деца

(ВИДЕО) Локомотив ја спаси и втората ,,меч-топка” на ЦСКА Москва

(ВИДЕО) Голем пресврт во финишот на ИФК вреден за полуфинале

Кифисијас го освои малото градско дерби против Илиуполи

(ВИДЕО) Фенербахче брзопотезно му ,,пресуди” на Кизејбору

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.