По 29. пат во историјата, стартува нашето најквалитетно натпреварување. Но, и за прв пат во едни околности за кои малку може да се наречат кошаркарски.
Пандемијата која ја предивика коронавирусот, нанесе голема штета на сите вклучени актери во кошаркарскиот спорт.
Треба да се почне, портокаловата топка да биде потфрлена и да биде означен старт на нова прволигашка трка која ќе ја „трчаат“ 12. екипи, секоја со свои амбиции, очекувања…
Уште од првото коло… за жал, се надеваме само во уводната фаза од шампионатот, без присуство на публика, условено од актуелната здравствена ситуација не само во нашата земја, туку во целиот свет.
18.00: ТФТ – КУМАНОВО
(Сала на СРЦ „Кале“- Скопје)
Интересно, по одложувањето на два натпревари, дуелот во „Кале“ всушност ќе биде своевидна домашна „реприза“ на оној од пред неколку дена во БИБЛ лигата.
18.00: АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 1. КОЛО
ДЕНЕСКА:
18.00: ТФТ – Куманово (МРТ 3)
18.00: Академија ФМП – Гостивар (stream)
НЕДЕЛА:
16.00: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005
18.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)
Вардар – Црн Дрим Грин Мобил одложено
Кожув – Пелистер одложено



