Ракометената федерација на Македонија ја прифати организацијата на квалификациската група на женската сениорска репрезентација по откажувањето на Грција. Така Македонија, Исланд, Литванија и Грција од 4 ноември во Скопје ќе се борат за двете места што водат во баражот. Убава шанса за нашите девојки да се пласираат во баражот за СП жени 2021 година.



