Академија Пандев се засили со Кире Маркоски и Кристијан Трапановски. Двајцата крилни напаѓачи доаѓаат како големи засилувања и за прв пат позираа во домашниот и гостинскиот дрес на клубот за новата сезона.

Кире Маркоски е сениорски репрезентативец на Македонија и доаѓа од екипата на Карвина (Чешка). Освен за тимот на Карвина, 25-годишниот крилен фудбалер во својата кариера има настапувано и за екипите на АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава, Работнички и Македонија ЃП.
Кристијан Трапановски е младински репрезентативец на Македонија и е повратник во тимот на Академија Пандев. 20-годишниот Кико е првиот играч со трансфер од Академија Пандев во некој европски клуб, односно во тимот на Славија Прага. Во својата кариера уште има настапувано и за тимовите на Татран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова.



