РК Струга направи одличен ростер во пресрет на новата сезона. Во тимот од лани останаа искусниот среден бек Славиша Димитријески, потоа тука од лани се и Пеце Рајатоски, Христијан Крстаноски, Тодор Јанкулоски, Дарио Симоноски, Петар Маркоски, Кристијан Мечкароски и уште неколку млади и талентирани ракометари од Струга.
Покрај нив во тимот на Струга се враќаат и Богдан Николиќ (среден бек) и Александар Тренчевски (пивотмен), а нови засилувања се Дино Мехиќ (лев бек, БиХ), Харис Сулевиќ (голман, Црна Гора), Вук Лакичевиќ (десен бек, Црна Гора) и голманот Влатко Затаракоски кој се врати во родниот град.
Новите ракометари се очекува да му се приклучат на тренерот Наум Танески на припремите кои од средата ракометарите на Струга ги започнаа на игралиштето на ФК Караорман и на ракометното игралиште кај женска плажа. Првиот тест за новиот состав на Струга ќе биде ракометниот турнир кој е закажан од 12 до 16 август.



