Екипата на РК Струга во среда ги започнува подготовките за новата сезона. Ќе се тренира два пати дневно. Тренинзите ќе се одвиваат на отворено на игралиштето на ФК Караорман и на ракометното игралиште кај женска плажа.
Детали за новите засилувања и составот со кој ќе игра РК Струга во новата сезона ќе ви соопштиме во наредните денови.