Бојан Миовски, кој својата кариера ја започна во Мал Ајакс , па играше и во Брегалница, Работнички, Ренова, Карабах, пред некој ден потпиша за МТК во Унгарија. Вчера беше претставен на јавноста во Будимпешта.
„Чест ми е и задоволство што потпишав за МТК од Будимпешта. Ќе дадам се од себе за овој клуб да постигнува успешни резултати и да ги задоволам со своите игри навивачите”– изјави Бојан Миовски.
