Поранешниот Македонски репрезентативец Филип Миркуловски доби продолжување на соработката со својот клуб Вецлар. Во иднина тој ќе работи и како асистент тренер и ќе остане играч на тимот по потреба.
Филип Миркуловски ја даде следната изјава за клупскиот веб сајт:
„Кога сте на мои години со сигурност морате да се размислите што ќе правите по завршувањето на кариерата. Благодарен сум на Вецлар што ќе ми дадат шанса за нова улога од лето. Мислам дека имам што да пренесам на младите играчи со моето искуство, особено на организаторите на играта. Новата улога ќе биде нов предизвик и за мене, па ќе морам да работам во различни делови од ракометната игра, но едвај чекам да се испробам во тренерските води ”



