148-то издание на еден од четирите главни турнири ни пружи очекувана забава и интересни ситуациии. Турнирот забележа посетеност од 237 750 гледачи што е втор највисок број во историјата на Опен Чемпионшип. Единствено во 2000 година имало повеќе публика – над 239 000 во Ст. Ендруз, Шкотска.
Уште во првиот ден видовме погодок од прва. Изведувач на тој потег беше Аргентинецот Емилијано Грило на 13. дупка. Ова е прв погодок од прва на Опен Чемпионшип од 2016 наваму.
Главниот фаворит – Рори МекИлрој, очајно го почна турнирот. Го заврши првиот ден со резултат од +8. Аматерот Џејмс Сугру почна одлично откако имаше резултат од -2 после шестата дупка, но денот го заврши просечно со резултатски егал. Најдобри перформанси после првиот ден покажа Американецот од Кентаки – ЏејБи Холмс.
Веќе после вториот ден, половина од натпреварувачите го завршија своето учество на турнирот. Меѓу нив се најдоа и големи фаворити како Рори МекИлрој, Тајгер Вудс, Ијан Поултер, Фил Микелсон и Падраг Харингтон. Иако беше елиминиран, сепак публиката беше најзадоволна со настапот на домашниот миленик Рори МекИлрој кој после очајниот прв ден, сега забележа резултат од -6. Пред почетокот на третиот ден, на врвот се наоѓаа ЏејБи Холмс и Шејн Лоури со -8 односно Ли Вествуд и Томи Флитвуд со -7.
Третиот ден беше клучен за одредување на шампионот. Шејн Лоури со неверојатен резултат од -8 во вториот ден, а -16 вкупно, се искачи сигурно на врвот со предност од 4 поени пред второпласираниот Томи Флитвуд. ЏејБи Холмс се најде на третата позиција со -10, а четвртата позиција со -9 ја делеа Брукс Коепка и Џастин Роуз.
Четвртиот ден беше проследен со неповолни временски услови што резултираа со лоша игра на голферите што се наоѓаа на врвот. Меѓу најпрофитабилните беше минатогодишниот шампион Франческо Молинари кој од +2 дојде до -3 и ја освои единаесеттата позиција. Шејн Лоури го освои турнирот со резултат од -15. Зад него, со -9 се најде Томи Флитвуд, а третото место неочекувано го освои Тони Финау со -7. Брукс Коепка и Ли Вествуд ја поделија четвртата позиција.



