Дарио Симоноски пикерот кој лани го носеше дресот на РК Охрид во новата сезона се враќа во матичниот клуб РК Струга.

“Голема чест и задоволство е што повторно ќе го носам дресот на мојот матичен клуб. Струга е клуб со долга историја и големи амбиции кои растат од година во година и тоа е една од главните причини што не размислував премногу за враќање дома. Очекувам една успешна сезона и повторно да ги радуваме нашите верни навивачи и љубителите на ракометот во градот.”



