Имавме среќа да ѕирнеме во мегамаркетот на МКБ МИСА чиешто отворање е закажано на 21.4.2019 г. во 12ч, и се уверивме дека се работи за нешто ексклузивно! Овој мегамаркет навистина изгледа импресивно – изграден на 900 метри квадратни, на лесно пристапен простор, со обезбеден паркинг за 55 возила, со нови и оригинално издизајнирани излози. Модерен ентериер кој е осмислен за непречено пазарење, со опрема од врвни италијански и германски произведувачи и решенија и бои кои го облагородуваат целиот простор. Заедно со проширениот асортиман, пекарницата, рибарницата и делот за готвени јадења, мегамаркетот Миса го носи светот кај нас!



