Германскиот парламент изгласа пакет поддршка за германскиот спорт во вредност од 200 000 000 евра во услови на пандемијата со Корона вирусот кој го донесе во прекин спортот од Март месец. Таа помош ќе биде упатена директно до „Teamsport Deutchland“ која ќе ги опфати кошарката, ракометот, одбојката и хокејот. Клубовите на женската Бундеслига, како и третолигашите исто така ќе добијат помош за да закрепнат последиците од прекинот на оваа сезона и се она што предизвика прекинување на сите активности, празни трибини и откажување на спонзорствата.
Само фудбалските клубови од прва и втора Бундеслига ќе бидат без помош кога е во прашање ова мерка на парламентот.
„Многу сме среќни што федералната Влада ни ја овозможи оваа помош на професионален план за спортот со голем финансиски пакет на помош. Би сакале да им се заблагодариме на сите во германскиот парламент, сите министери кои беа вклучени, министерството за спорт, финанскиската комисија и сите членови на спортските комитети поради нивното големо посветување на овој проблем. Ова го сваќаме и како доказ дека на парламентот му е до спортот.“ – изјави претседателот на германската ракометна федерација, Андреас Мишелман.