Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски повторно блесна во дресот на Битигхајм, продолжувајќи ја серијата од одлични настапи во Втората германска Бундес лига.
На тешкото гостување кај Крефелд, неговиот тим стигна до убедлива победа од 32-19 во рамките на 11. коло, а Томовски беше еден од клучните играчи на теренот.
Тој го заврши мечот со импресивни 20 интервенции и извонредни 51% успешност, меѓу кои и две одбранети изведувања од седум метри, уште еднаш потврдувајќи ја својата форма и стабилност меѓу стативите.




