Музичкото дуо ДНК го објави новиот спот и песна со наслов “Фала”.
Како автори и на оваа песна се потпишува тандемот Панчо и Лазар Цветковски. Во видеоспотот покрај Андреј и Панчо се појавува и преубавата кумановка Теа Ѓоргиевска.
Спотот го изработија Огнен Шапковски и Кристијан Теодоров.
Новиот сингл дуото „ДНК“ ѝ го посвети на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин во Скопје.




