Спортски центар Форма Вита од Струга предводен од Мими Стојаноска продолжува со остварување на мисијата “Шириме љубов преку спорт”
Како плод на неколкугодишна соработка со центар за лица со попреченост Порака Нова од Струга оваа недела беше одбележана со симболична трка на членовите од Порака Нова во организација на Форма Вита
Секое дете беше наградено со медал и диплома, што предизвика многу насмевки и среќни лица.
Љубовта и позитивната енергија на децата се најголемиот подарок и мотив за нас да продолжиме да ја шириме и да ја остваруваме нашата мисија велат од Форма Вита
Благодарност до Giovanni films за преубаво пренесената енергија преку видео запис.



