Трката за големата награда на Мексико помина во знакот на Мерцедес. Имено, Луис Хамилтон победи и го запиша својот 100. подиум во кариерата, а воедно ја донесе и 100. конструкторска победа за Мерцедес. Британецот требаше да добие 14 поени повеќе од Ботас за да ја осигури математички својата титула, но Финецот заврши на третото место и го одложи славјето на својот тимски колега. Возачите на Ферари, Фетел и Леклер, беа пласирани на второто односно на четвртото место. Двоецот на Ред Бул, составен од Албон и Ферстапен, беше веднаш зад Леклер. Ферстапен на стартот имаше контакт со Хамилтон и тогаш го загуби контактот зад водечките возачи. Миленикот на домашната публика, Серхио Перез, заврши на седмата позиција. Зад него беа Рикијардо, Квјат и Гасли. Во последниот круг, на деветтото место се наоѓаше Хулкенберг, но беше удрен од страна на Квјат, па на крајот заврши на 11. место и остана без поени.



