Најквалитетните фристајл скијачи специјализирани за дисциплината ски крос, денес се натпреваруваа во Инихен, Италија.
Од дамите, најбрза во финалето беше Фани Смит пред Мариел Томпсон, Даниела Мајер и Сандра Неслунд. Во малото финале, прва на поредокот беше Куртни Хофос пред Британи Фелан, Индиа Шерет и Мариел Бергер Сабател.
Кај мажите, во големото финале, победи Јоос Бери кој заврши пред Бастиен Мидол, Јонас Ленер и Франсоа Плас. Од петтото до осмото место се пласираа Рис Хауден, Флориан Вилмсман, Жан Фредерик Шапуи и Кристофор Малер. Неколку квалитетни натпреварувачи не успеаја да се пласираат во полуфиналињата меѓу кои беа и Филип Флисар, Кристофер Делбоско, Кевин Друри, Алекс Фива, Џонатан Мидол и Рајан Регез.



