Македонскиот интернационалец кој игра за Ружомберок во Словачка Тихомир Костадинов, се најде во најдобриот тим на колото на словачкиот шампионат.
Пред неколку дена во словачкиот плеј-оф Костадинов со гол донесе победа на Ружомберок над Серед од 1:0 и затоа сосема заслужено се најде во тимот на колото.
Ружомберок останува во трка за третата позиција на табелата и излез во Европските купови. 



