Нант потешко од очекуваното славеше на гостувањето кај Скјерн со 32:34 иако на полувреме губеше со 17:15. Лазаров беше најдобар стрелец кај Нант со 6 голови, а веднаш зад него се истакна Нјокас со 5 погодоци. Во тимот на Скјерн најефикасен бил Мирхол со 8 голови, пред Егерт со 6 голови.
Во останатите вчерашни дуели тимовите на ПИК Сегед, ПСЖ и Барселона стигнаа до нови победи. 



