Селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски го објави списокот за воведните два натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020 против Летонија кој ќе се одигра на 21. март на Национална арена „Филип Втори“ и против Словенија на гостински терен кој ќе се одгра 24. март во „Стожице“.
Спировски и Тричковски се под знак прашалник и во зависност на нивната здравствена состојба ќе зависи дали ќе играат. Аријан Адеми од Динамо Загреб поради операција на стомачниот ѕид не е во комбинација за настап. На мечот со Летонија, јубилеј ќе слави најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој ќе го игра 100-от натпревар. Собирот е на 18 март (понеделник) од 12:00 часот во ТЦЦ „Гранд Плаза“ во Скопје. Првиот тренинг е исто така на 18 март од 18:45 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.
Селекторот Игор Ангеловски ги повика следниве репрезентативци:



