По комплетирање на регуларниот дел од сезоната 2018/2019, екипите на: Работнички, МЗТ Скопје Аеродром, Блокотехна, Гостивар, Кожув и Куманово ќе се борат за место во Плејофот и шанса за шампионскиот трофеј.
Додека останатите клубови во лигата како што се: Фени Индустри, АВ Охрид, Вардар, Пелистер и Шкупи ќе се надигруваат во Плејаут лигата за опстанок во Првата кошаркарска лига. Супер лигата и Плејаут лигата ќе започнат идниот викенд на 6-ти април.
Фото: Распоред на екипите на табелата



