18 -годишниот македонски репрезентативец Андреј Јакимовски одигра фантастично во дресот на Пиемонте во италијанската јуниорска лига, откако во победата против Палаканестро колеџ (93-89) постигна дури 42 поени на кои додаде 20 скока.
Јакимовски летово беше нашиот најдобар играч во селекцијата која за малку не се пласира во А-дивизијата, односно беше четврта на Европското првенство, дивизија Б, во романскиот град Орадеа.