Ракометарите на Еурофарм Работник претрпеа пораз од ППД Загреб на денешниот меч од групата Б во СЕХА лигата на домашен терен во Битола со еден разлика со 27-28.
Најдобар стрелец кај Загреб беше Хорват со 10 погодоци од 10 удари (6 од пенал), а македонскиот интернационалец Ненад Костески даде 1 гол од 1 обид и имаше еден изнуден пенал над него. Кај Еурофарм најпрецизни беа Остроушко со 7 голови и Милан Ѓукиќ со 5 голови.



