“Оваа среда, 5-ти јуни, концептуелниот бар и кафѐ “Шила“ од Охрид го слави шестиот роденден. Забавата почнува во 22:00 а ритамот ќе го движи еден од најбаранитe македонски артисти Dj Pancho aka Shorty P. “Шила“ веќе шест години со својата уникатна приказна и настани од различен карактер внесува свежина во урбаното живеење на Охрид. Вреди да се спомне дека од неодамна почна со работа нивниот модерен кофи-шоп “Shilla Take Away“ за специјални видови кафе и мали деликатеси за носење по примерот на светските туристички центри, лоциран во охридската чаршија.“



