Искусниот македонски фудбалски стручњак, Ѓоко Хаџиевски повторно најде ангажман во странство, а овој пат своето знаење ќе го пренесе на клубот Емирејтс, кој се натпреварува во втората по квалитет лига во Обидинетите Арапски Емирати.
Хаџиевски има долга тренерска интернационална кариера, а во еден период беше и селектор на репрезентацијата на Македонија. Негови први помошници во Емирејтс ќе му бидат Филип Деспотовски и Никола Аврамовски. Целта на Хаџиевски ќе биде клубот да се врати во повисок ранг.