Ракометарите на Еурофарм Работник на домашен терен во Битола, во рамките на второто коло од групната фаза на ЕХФ купот загуби без борба со превисоки 21:31 на полувреме 11:14. Македонскиот преставник загуби и во првото коло на гостувањето во Хановер но одигра квалитетно и неизвесно до самиот крај, додека на деби настапот пред битолската публика без жар и неизвесност им ги препуштија бодовите на унгарците.
Првото полувреме беше во егал ситуација со константна предност на гостите, но барем имаше резултатска рамноправност во првите 30 минути. Во второто полувреме се распадна тимот на Еурофарм и не пружи отпор и затоа сосема очекувано загуби со убедливи 10 гола разлика.
Во таборот на Еурофарм Работник најдобар стрелец беше Остроушко со 9 постигнати гола, додека во победничката екипа четворица ракометари постигнаа по пет гола (Роста, Глигораш, Вујовиќ и Јухаж). Во наредно трето коло Еурофарм Работник гостува во Хрватска на тимот на Нексе од Нашице.



