Во исчекување на големиот концерт со Раста кој што треба да се случи оваа сабота, Таско промовира нова песна и спот. Амнезија е насловот на песната и е во трап стил. Текстот е на Таско, музика Cheketz Beats, миксот и мастерингот на Иван Јованов – Ивајо, додека спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски – God Eye Production.
Се снимаше во стан во Џевахир Скај Сити и на друга локација во нас.Аеродром. Изработен е во футуристички стил. Амнезија – минливо „затемнување“ после бурна ноќ….Таско една вечер поминува со девојка, од утре и е само во нејзините спомени…Во реалноста не постои, постои само во нејзината фантазија и имагинација… Во спотот по долна облека се појавува моделот Наташа Неделковска или позната како Таша Реј.
Атрактивна девојка, голем љубител на тетоважите и можеби најтетовираната девојка во нашата земја. Едноставно ја сака уметноста на тетовирањето…Заедно со Таско се појавуваат во полуголо издание каде мамат воздишки…кај обата пола.
Во прилог линк од спотот, мп3 и фотографии од снимањето…



