Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз ја завршија групната фаза од ЕХФ-Купот откако загубија на гостувањето против Татабања со резултат 30-27 иако на полувреме водеше со 12:13.
Остроушко со 9 гола беше прв стрелец на Работник, додека по 4 голови дадоа Маркоски, Кузмановски, Граџан и Ѓукиќ. Григорас со 5 голови беше најефикасен за екипата на Татабања.



