Филип Миркуловски и Вецлар славеа победа на гостувањето кај Хановер со 23:25 (полувреме 10:14) во најсилната ракометна лига Бундеслига.
Миркуловски беше одличен и изигра без грешка со 3 голови од 3 обиди, а имаше и 3 асистенции. Беше втор стрелец за својот тим на овој натпревар.



