Генерацијата на ФК Вардар 2006 година предводена од тренерот Филип Спасески за прв пат успеа да стане Шампион на Македонија откако во финалето славеше против тимот на Албарса со 3:2 благодарение на Алтин Алији кој постигна хет-трик.
Вреди да се спомене дека стрелецот на трите гола Алтин Алији во детската лига е убедливо најдобар стрелец во генерацијата 2006 година и има постигнато дури 68 погодоци бројка која е за секаков респект. Допрва ќе слушаме за овој голем фудбалски талент.



